Достапни линкови

Седница на Советот за безбедност на ОН за Северна Кореја


Советот за безбедност на Обединетите нации денеска ќе одржи седница посветена на Северна Кореја. Се очекува усвојување на соопштение со кое се осудува неодамнешното лансирање ракета во таа земја. САД, Јапонија и Јужна Кореја сметаат дека со лансирањето на ракета, Пјонгјанг ја прекршил резолуцијата 1718 усвоена во 2006-та година по нуклеарните проби во Северна Кореја. Со таа резолуција на Пјонгјанг му се забранува да лансира балистички ракети или да врши нуклеарни проби.
XS
SM
MD
LG