Достапни линкови

Продолжуваат нередите во Тајланд и покрај вонредната состојба


Во Тајланд нередите и протестите на неколку илјади анти-владини демонстранти низ улиците на главниот град Бангкок продолжуваат и покрај тоа што владата прогласи вонредна состојба. Демонстрантите ги блокирале главните сообраќајници во градот, држејќи неколку автобуси и две оклопни возила кои се распоредени низ улиците на Бангкок. Премиерот Абхисит Веџаџива најави остри мерки за смирување на ситуацијата. Демонстрантите, приврзаници на поранешниот тајландски премиер Таксин Шинаватра, бараат оставка од актуелниот премиер Веџаџива. Претходно денеска тие насилно упаднаа во зградата на министерството за внатрешни работи, барајќи го премиерот, но тој успеа безбедно да излезе од зградата. Вчера анти-владините демонстранти упаднаа на самитот на земјите од југо-источна Азија (АСЕАН) во тајландското одморалиште Патаја, по што самитот беше откажан, а учесниците беа евакуирани и ја напуштија земјата.
XS
SM
MD
LG