Достапни линкови

Премиерот Груевски најави мерки против економската криза


Македонскиот премиер Никола Груевски изјави дека владата наскоро ќе излезе со нови мерки за надминување на економската криза. Неможе да се очекува дека тие ќе бидат спектакуларни, бидејќи светската економска криза е од надворешен карактер и колку и да преземаме мерки внатре во земјата тие се со ограничен опсег и влијание, изјави Груевски. Тој посочи дека минатата недела веќе биле остварени средби со претставници на Стопанските Комори за влијанието на светската криза и ублажување на последиците и најави натамошни средби со експерти.
XS
SM
MD
LG