Достапни линкови

logo-print

Уставниот суд на Молдавија одобри пребројување на гласовите


Уставниот суд на Молдавија го одобри барањето за пребројување на гласовите од минатата недела оддржаните парламентарни избори. Победата на владеачката Комунистичка партија на претседателот Владимир Вороњин, предизвика големи анти-владини протести и немири во главниот град Кишињев. Претседателот на Уставниот суд Димитри Пубелере изјави дека Изборната Комисија има рок од девет дена за повторно пребројување на гласовите. Тој додаде дека ќе бидат прегледани и избирачките списоци, по обвинувањата на опозицијата дека во списоците се вклучени многу, веќе починати гласачи. Денеска неколку илјади поддржувачи на опозицијата повторно протестираа во Кишињев, но според јавувањата атмосферата била мирна.
XS
SM
MD
LG