Достапни линкови

Телефонски разговор Абас-Нетанјаху



Палестинскиот претседател Махмуд Абас денеска остварил телефонски разговор со премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху, по повод еврејскиот празник Пасха. Од Кабинетот на израелскиот премиер соопштија дека палестинскиот лидер изразил честитки по повод празникот и порачал дека двете страни треба да продолжат да работат за постигнување мир. Израелските медиуми наведуваат дека ова е прв разговор меѓу Абас и новиот израелски премиер Нетанјаху.
XS
SM
MD
LG