Достапни линкови

Повторно протести во Молдавија


Неколку илјади опозициони приврзаници присуствуваат на денешните протести во главниот град на Молдавија Кишињев, против како што велат ,,диктаторското однесување„ на власта по минато-неделните анти-владини демонстрации. Демонстрантите биле насобрани пред седиштето на Владата, извикувајќи пароли против владеачката Комунистичка партија на претседателот Владимир Вороњин. Опозицијата обвинува дека повеќе активисти биле уапсени од страна на полицијата по протестите минатата недела, и како што велат денешниот протест е со цел да се спротивстават на загрозувањето на човековите права. Агенциите јавуваат дека демонстрациите изминуваат во мирна атмосфера.
XS
SM
MD
LG