Достапни линкови

logo-print

Во Тајланд се продлабочува политичката криза


Протести во Тајланд

Протести во Тајланд

Властите во Тајланд прогласија вонредна состојба во главниот град Бангкок и во неговата околина, поради влошувањето на ситуацијата предизвикана од големите анти-владини протести. Низ улиците на Бангкок се распоредени оклопни возила, за повторно воспоставување на ред. Агенциите јавуваат дека утринава група демонстранти насилно упаднале во зградата на тајландското министерство за внатрешни работи барајќи го премиерот Абхисит Веџаџива, но тој успеал да излезе од зградата и со возило им побегнал на демонстрантите. Во околината според извештаите, можело да се слушнат пукотници.

„Сакам да ве информирам дека вонредната состојба е воведена со цел враќање на ситуација во нормала, што е можно побрзо. Владата ќе го спречи секој обид кој што може да придонесе за насилство во земјата.“

изјави тајландскиот премиер Веџаџива во телевизиското обраќање.
Вчера анти-владините демонстранти упаднаа на самитот на земјите од југо-источна Азија (АСЕАН) во тајландското одморалиште Патаја, по што самитот беше откажан. Во Патаја накратко беше воведена вонредна состојба, која властите ја укинаа откако учесниците на самитот безбедно ја напуштија земјата. Агенциите јавуваат дека денеска властите го уапсиле лидерот на вчерашните протести Аришман Понгруенгонг. Демонстрантите инаку приврзаници на поранешниот премиер на Тајланд Таксин Шинаватра, бараат оставка од актуелниот премиер Веџаџива.
XS
SM
MD
LG