Достапни линкови

Тајландските власти прогласија вонредна состојба во Бангкок


Властите во Тајланд прогласија вонредна состојба во главниот град Бангкок и во неговата околина, поради влошувањето на ситуацијата предизвикана од големите анти-владини протести. Агенциите јавуваат дека утринава група демонстранти насилно упаднале во зградата на тајландското министерство за внатрешни работи барајќи го премиерот Абхисит Веџаџива, но тој успеал да излезе од зградата и со возило им побегнал на демонстрантите. Во околината според извештаите, можело да се слушнат пукотници. Вчера анти-владините демонстранти упаднаа на самитот на земјите од југо-источна Азија (АСЕАН) во тајландското одморалиште Патаја, по што самитот беше откажан, а учесниците беа евакуирани. Демонстрантите инаку приврзаници на поранешниот премиер на Тајланд Таксин Шинаватра, бараат оставка од актуелниот премиер Веџаџива.
XS
SM
MD
LG