Достапни линкови

logo-print

Советот за безбедност на ОН го осуди Севернокорејското лансирање ракета


Членките на Советот за безбедност на ОН усогласија соопштение во кое се осудува лансирањето на ракета од страна на Северна Кореја. Во нацрт соопштението усогласено меѓу петте земји членки, Соединетите Држави, Велика Британија, Франција, Кина, и Русија плус Јапонија, остро се осудува овој чекор на Северна Кореја кој е во спротивност со резолуцијата на Советот за безбедност. Во него исто така се повикува Комитетот на ОН за санкции да преземе ,,чекори“ против Пјонгјанг. За утре е предвидена седница на Советот за безбедност на која треба да се гласа за нацрт-соопштението.
XS
SM
MD
LG