Достапни линкови

Уставниот суд на Молдавија го оддложи повторното пребројување на гласовите


Уставниот суд на Молдавија го одложи барањето на претседателот на земјата Владимир Вороњин, за повторно пребројување на гласовите од минато-неделните парламентарни избори во земјата. Претседателот на Уставниот суд Димитри Пулбере изјави дека седницата е одложена за утре, бидејќи се чека на официјалните резултати од Централната Изборна Комисија. По изборите, Изборната Комисија соопшти дека победила Комунистичката Партија на претседателот Вороњин, што предизвика масовни демонстрации и немири на опозиционите приврзаници во главниот град на Молдавија Кишињев. Денеска опозицијата најави оддржување на нови протести.
XS
SM
MD
LG