Достапни линкови

Укината вонредната состојба во Патаја во Тајланд


Премиерот на Тајланд Апсит Веџаџива ја укина вонредната ситуација во одморалиштето Патаја, откако странските лидери безбедно биле евакуирани и ја напуштиле земјата. Имено, денеска неколку илјади анти-владини демонстранти упаднаа во зградата каде што се оддржуваше самит на лидерите од Асоцијацијата на државите од југоисточна Азија (АСЕАН), по што тајландските власти го откажаа самитот на кој требало да се разговара за економската соработка и регионалната безбедност. Демонстрантите, лојални на поранешниот премиер Таксин Шинаватра бараат оставка од сегашниот премиер Вечачива и веќе неколку дена оддржуваат протести во земјата.

XS
SM
MD
LG