Достапни линкови

Мирно завршија протестите на плоштадот во Скопје


Околу 300 луѓе, денеска точно на пладне го започнаа протестот на плоштадот ,,Македонија,, во Скопје, како дел од акцијата насловена „Плоштад Слобода“ покрената од повеќе невладини организации и индивидуални активисти. Протестот како што се јавува поминал во мирна атмосфера. Целта на протестот како што соопштија организаторите е зачувување на правото на различно мислење, правото на слободен собир и протест, како и против изградбата на било каков објект на плоштадот. Акцијата е поттикната по случувањата од 28- ми март на скопскиот плоштад кога дојде до конфликт меѓу група граѓани кои протестираа против изградбата на црква на тоа место и поддржувачите на таквата идеја.
XS
SM
MD
LG