Достапни линкови

Лавров – ЕУ да покаже почитување кон поранешните Советски држави


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Европската Унија треба да покаже ,,почитување“ и транспарентност во односите со поранешните држави од Советскиот Сојуз. Лавров, зборувајќи на конференција за меѓународна политика во Москва, го критикуваше новиот договор меѓу Европската Унија и Украина, за помош во модернизацијата на гасoводната транзитна мрежа на украинска територија. Рускиот министер исто така изрази ,,претпазлив оптимизам“ околу односите со Соединетите Држави, посочувајќи дека ќе биде потребно време додека двете страни целосно да ја обноват меѓусебната доверба.
XS
SM
MD
LG