Достапни линкови

Турскиот министер за внатрешни работи во Багдад


Турскиот министер за внатрешни работи Бешир Аталај допатува денеска во Багдад на разговори за мерките против курдски бунтовници кои дејствуваат од северен Ирак, јави агенцијата Анатолија. Пред заминувањето, Аталај изрази надеж дека воспоставената трилатерална соработка меѓу Турција, Ирак и Соединетите Држави ќе даде резултат и оти Анкара очекува конкретни мерки против курдските бунтовници кои ја користат ирачката територија за напади врз Турција.
XS
SM
MD
LG