Достапни линкови

logo-print

Продолжуваат протестите во Грузија против Саакашвили


Во грузискиот главен град Тбилиси и денеска продолжуваат протестите за соборување на претседателот Михаел Саакашвили. Вчера демонстрантите повикаа на граѓанска непослушност и на блокирање на патиштата низ градот. Тие го обвинуваат претседателот Саакашвили за недемократско владеење, за непревземање мерки против растечката невработеност, како и за минатогодишната војна со Русија, кога се отцепија Абхазија и Јужна Осетија.
XS
SM
MD
LG