Достапни линкови

Крис Хеншоу, директор на националниот демократски институт во Македонија


Овие избори беа голем напредок во однос на она што го видовме минатото. Нешто околу што треба да се размисли е она што се наведува и во извештајот на ОДИХР е дека постоеле искази за притисоци и закани

Г-не Хеншоу, каква оценка според Вас би добиле неодамна спроведените избори?

Овие избори беа голем напредок во однос на она што го видовме минатото лето во Македонија. Останаа предизвици, остана загриженост, но имавме два изборни дена без поголеми инциденти и имавме релативно мирни периоди на кампања. Така што да, работите се придвижија нанапред во однос на минатото лето.

Дали според Вас вака спроведените избори ќе значат напредок на земјава кон евроинтеграциите?

Многу нешта влијаат врз евроинтегративниот процес. Ние зборувавме многу јасно пред изборите и во текот на кампањата дека овие избори се осудени да бидат слободни и фер. Тоа не значи дека членството во НАТО ќе дојде само или визната либерализација веднаш ќе настапи. Тоа што беа слободни и фер значи дека изборите повеќе нема да може да се користат како оправдување. Мислам дека тоа што го постигна Македонија е важен чекор напред но како што реков предизвиците и загриженоста сеуште остануваат.

Сега за забелешките.Како што знаете во извештајот на ОБСЕ ОДИХР беа наведени забелешки кои како што се наведува сериозно го нарушиле квалитетот на изборниот процес. Кои од нив беа најсериозни според Вас?

Мислам дека извештајот на ОДИХР е многу јасен. Има области каде што е забележан голем напредок и тие особено го назначуваат тука протекувањето на изборниот ден. Она што извештајот на ОДИХР исто така го потенцира е фактот дека постоеле многу искази за инциденти каде што имало притисок врз гласачите се до заплашувања да се гласа на одреден начин. Ова се забелешки што ОДИХР ги наведува во прелиминарниот извештај по завршувањето на вториот круг. Извештајот вели дека постојат сериозни докази дека овие извештаи се веродостојни и затоа тие треба да бидат разгледани и истражени.

Вие спроведовте кампања за фер избори во којашто апелиравте против семејното гласање, поткупот при гласањето и сл..но овие појави сепак беа забележани на изборите. Имате ли препораки како да се надминат ваквите случувања?

Да ја погледнеме таа кампања. Таа кампања беше партнерска кампања. Политичките партии го користеа нашето лого на нивните билборди и во материјалите. Имавме поддршка од државните институции. Македонска пошта ги имаше поставено нашите постери насекаде низ државата. Имавме поддршка од Државната изборна комисија која на прес конференциите ги истакнуваше нашите беџеви, а истовремено ни овозможи и кампањата да продолжи во текот на изборните викенди. Истото важи и за советот за радиодифузија. Имавме поддршка и од медиумите. Сето тоа заедно дава многу надеж за во иднина. Да имаше искази за поткуп, семејното гласање и сл беше присутно , но уште еднаш да се навратиме на минатото лето. Ја немавме истата партнерска решеност за слободни и фер избори. Тоа ме исполнува со надеж, таа цврста решеност и засилувањето на соработката која се грижи за иднината. Сега нема да избори три години но треба да ги земеме предвид некои од предизвиците кои се појавија, некои од назнаките кои се спомнуваат во извештајот на ОДИХР и да размислиме што треба во иднина да се подобри затоа што тоа партнерство кое се создаде во текот на кампањата дава голема надеж.

Нешто што беше забележливо, особено во вториот круг од гласањето, беше слабиот одзив на гласачите во одредени места. Како го коментирате тоа?

Многу е тешко да се оцени одзивот на гласачите поради забелешките од сите партии на веродостојноста на избирачкиот список, така што 40 проценти излезност значи дека 50-55 – 60 проценти од гласачите не излегле. Една друга работа која секогаш ја има во политиката е дека излезноста е поврзана со самите избори. Така што, ниската излезност може да биде нешто на кое политичките партии треба да се осврнат.во смисла на нивната политика, во смисла на нивните кандидати за да ги поттикнат гласачите да излезат на гласање. Така, во првиот круг кога се чинеше дека временските прилики ќе влијаат на излезноста, таа беше сосема добра. Во вториот круг повеќе партии не останаа во трката така што кандидатите индивудално требаше да ги предизвикаат кандидатите да излезат и да гласаат.

Но тоа според анализите се случи во места претежно населени со албаснко население...

Сеуште е во тек процесот низ кој би се добиле кандидатио кои ја одразуваат желбата на целата популација. Не мислам дека ниската излезност беше присутна само меѓу албанското население Ако ја разгледаме излезноста во некои градови во првиот круг, таа исто така не беше задоволителна. Мислам дека тоа е прашање кое треба да биде севкупно потенцирано.

Во извештајот на ОДИХР беа наведени цензусот и гелемината на избирачкиот список . Дали и вие гледате на овие забелешки како на опасност по некои идни изборни циклуси?

Очигледно намалувањето на цензусот од 50 на 40 проценти е можеби уште една област која ќе треба да се разгледа во иднина. Изборниот систем е различен насекаде во светот. Во многу земји во светот нема цензус. Тоа е процес кој што Партламентот ќе треба да се позанимава. Македонија има три години пред наредните избори. Тоа остава голема можност да се разгледа повторно политиката и практиката во целокупната област на изборите и се направи обид за прилагодување на изборниот систем, да се развие систем кој ќе биде поисправен.

Дали од начинот на којшто беа спроведени овие избори можете да донесете одредени оценки, заклучоци или препораки за демократската зрелост на институциите, политичките субјекти или граѓанското општество во целина во земјава?
Kris Henshow

Демократијата и демократскиот развој е постојан , континуиран процес. Не би сакал да зборувам многу околу тоа што недостасува, би гледал кон тоа што треба да биде подобрено и постојат мноштво области во поглед на водењето на кампањата, организирање на кампањата, околу воведувањето на гласачите во гласачкиот процес , на пример како што веќе споменавте ниската излезност, мноштво области кои ќе треба да се разгледаат. Нема многу работи кои одат лошо, има предизвици со кои се соочуваме и околу кои треба да направиме нешто да бидат подобрени. Еден од големите предизвици со кои се соочуваме во моментов кој е предизвик и за Владата и за владејачката партија е тоа што сега истата партија го има мнозинството во локалната власт и ја контролира Владата со мнозинството. Тоа не е лесно. Тоа е нешто на што треба да се обрне внимание во следните три години. Демократијата е еден сеопфатен процес и јас се надевам дека со текот на времето таа концентрација на моќта според начинот на кој ќе биде водена исто така треба да биде нешто околу кое ќе се размислува.

Меѓутоа, на изборите се слулчија заплашувања. Имаше поплаки од опозицијата дека постоеле закани кон вработени дека ќе ги изгубат своите работни места. Како го коментирате тоа?

Нешто околу што треба да се размисли е она што се наведува и во извештајот на ОДИХР е дека постоеле искази за притисоци и закани. Ако се веродостојни тие треба да се рагледаат Мора да има незавосна истрага за тоа што се случило за да се потврди ако некои луѓе биле вклучени во создавањето на тој притисок, тоа мора да се посочи. Ако постоел впечаток дека бил употребен таков притисок без оглед од која партија да се гласа на одреден начин од страна на луѓе кои имаат авторитет, тоа мора да се анализира. Имате цел круг на сеопфатност околу изборите и начините на кои ќе се посочат предизвиците.
XS
SM
MD
LG