Достапни линкови

Полицијата во потрага по лицата кои ограбија банка во Скопје


Министерството за внатрешни работи ја продолжува потрагата по вооружените лица кои денеска ја ограбија Про кредит банка во Скопје, при што беа повредени двајца полицајци и една жена. Засега нема приведени лица, соопшти на прес конференција портпаролот на министерството Иво Котевски. Според него, кај едниот полицаец била констатирана лесна телесна повреда односно гребаница на лицето, додека вториот бил ранет на надлактицата и левата страна од абдоменот. На патот кон граничниот премин Блаце, како што рече Котевски, биле пронајдени двете возила на напаѓачите кои се со македонски регистарски ознаки и во нив било пронајдено поголемо количество оружје.
XS
SM
MD
LG