Достапни линкови

Грузиската опозиција најавува проширување на протестите


Грузиската опозиција денеска соопшти дека ќе започне кампања на граѓанска непослушност и ќе ги прошири протестите како притисок врз претседателот Михаел Саакашвили да поднесе оставка. На вториот ден од демонстрациите пред парламентот во Тбилиси опозицијата најави дека нив ќе почне да ги одржува и пред јавната радио телевизија и пред претседателската резиденција. Саакашвили претходно изјави дека нема намера да ја напушти функцијата.
XS
SM
MD
LG