Достапни линкови

Оружен грабеж и престрелка во центарот на Скопје


Двајца полицајци и една жена се ранети при денешниот оружен грабеж на Про-кредит Банка во центарот на Скопје, во близина на Соборниот Храм. Сите повредени се надвор од животна опасност. До престрелката со полициската патрола дошло кога засега непознатите ограбувачи бегале од местото на настанот. Од Банката потврдија дека биле украдени 50 илјади евра. Според очевидци, полицијата во близина на Судска Палата уапсила две лица за кои постои сомневање дека се од групата вооружени оргабувачи.
XS
SM
MD
LG