Достапни линкови

Милошоски и предлага на Бакојани отворање нов граничен премин


Шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски испратил писмо до неговата грчка колешка Дора Бакојани, во кое предлага изградба на нов граничен премин меѓу двете земји Маркова Нога – Герман. Милошоски оценува дека отворањето на тој граничен премин би бил значаен чекор кон остварувањето на декларираните заложби за dобрососедство и за поголема комуникација меѓу граѓаните на двете земји. Милошоски предлага и средба на делегации на дветe министерства за надворешни работи до крајот на наредниот месец.
XS
SM
MD
LG