Достапни линкови

Синдикатите бараат мерки за намалување на последицата од кризата


Зградата на Владата на Република Македонија

Зградата на Владата на Република Македонија

Вработените во индустријата, рударството и енергетиката бараат да дојде во најскоро време до трипартитната средба мегу Синдикатот работодавачите и владата за да ги дефинираат економиските мерки за надминување на последиците од кризата. Барањето на Пеце Ристевски од нивниот синдикат доага откако поради изборите во овој период малку се занимававме со економија, а деновиве во тек се средби на одделни бизнисмени, стопанственици и претставници на владата на кои се разгледуваат и предлагаат поединечни решениј:

,,Мора да се бараат итни и брзо применливи решенија, а не на долгорочна основа"

Дел од мерките кои ги предлага Ристевски веќе се применуваат во некои од земјите во опкружувањето, како на пример скратување на работното време проследено со одредени субвенции за да се задржат работниците на работа, а во делот на буџетските сретства се оценува дека е потребно максимално штедење во трошењето, и наменување на парите за капитални инвестиции

,,Дали се тоа патишта, пруги итн, ќе значи повлекување на голем број работници."

Интервенции од владата продолжуваат да очекуваат и во тектилната индустрија. Со оглед дека главно не се работи за сопствено производство Ангелко Ангелков од синдикатот предлага дека може да се влијае со извозно увозни стимулации од кои се оптоварени странските работодавачи

,,Постојано бараат, и ние укажувавме и работодавачите бараат. Дали ќе се случи и кога не се знае, да интервенира владата со мерки и да останат на работа луѓето, со помалку работа да земаат плата, во спротивно ќе се случува она што се случува сега, или се на редовен одмор или на принуден. Дури има и кои ги пуштаат без пати дома, па чекаат да ги викнат."

Како критична за вработените во овие индустрии што се најзасегнати од последиците од глобалната криза ја оценуваат и социолозите кои признаваат дека евентулни социјлани мерки може малку да влијаат врз проблемот како што е губењето на работно место .Последиците освен на индивидуален план ке ги почуствува и општеството вели професор Милева Гуровска

,,На пример, во текстилната индустрија има 20 илјади работнички, коишто иако со ниски плати имале егзистенција. На планот на општеството тоа создава други проблеми, ја зголемува стапката на невработеност во општеството, а со тоа го намалува капацитетот на економијата во целина."

Во рударството енергетиката и метлургијата има преку 20 илјади вработени. Во овој момент запрено е производството во Силмак и во Скопски Легури. Околу две илајди работници се без работа а над илјада се на принуден одмор. Голем број лиге се засеганти и во текстилната индистрија каде без работа останаа 20 проценти од вкупно 50 илјади вработени.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG