Достапни линкови

logo-print

Двајца полицајци и жена повредени при оружен грабеж на банка во Скопје


Три лица биле ранети во денешниот вооружен грабеж на експозитура на Про Кредит Банка на булеварот Партизански одреди во Скопје. Разбојниците по претсрелка со полицијата успеале да побегнат со пеесет илјади евра. Според очевидци, откако излегле од банката биле забележани од полициска патрола, која веднаш отворила оган врз нив. Во престрелката, биле повредени двајца полицајци. Од истреланите куршуми ранета била и една жена, патничка во автобус. Од Про Кредит Банка соопштија дека во инцидентот не бил повреден ниту еден од вработените, ниту од клиентите кои во тој момент биле во банката.
XS
SM
MD
LG