Достапни линкови

Продолжуваат протестите во Грузија


Стотици демонстранти останаа на улиците на Тбилиси по вчерашните големи антивладини протести во Грузија со главно барање: претседателот Михаел Саакашвили да си поднесе оставка.

Опозиционите лидери ветија дека ќе ги продолжат секојдневните протести пред парламентот во Тбилиси се додека Саакшвили не замине од функцијата. Го обвинуваат за монополизирање на власта и за откажување од реформите што ги вети за време на Розевата револуција пред шест години со која дојде на власт.

,,Тешко ни е веќе да живееме, да сакаме, да работиме, да комуницираме, да одгледуваме деца. Сето тоа благодарение на еден човек, Саакшвили, од кого бараме да си даде оставка,,.

Изјави поранешниот претседателски кандидат Леван Гачечиладѕе, додавајќи дека не постои друг начин за да се натера на оставка, како што го нарече, Јудата на грузијската политика. На овој став е и лидерот на опозициониот Сојуз за Грузија Иракли Аласанија кој до минатиот декември беше грузиски амбасадор во Обединетите нации

,,Саакашвили вети просперитет на земјата. Но, се што гледаме е невработеност и уништена економија. Луѓето вака веќе не можат да живеат,,.

Заменик шефот на грузиската дипломатија Гига Бокерија за Радио Слободна Европа изјави дека минатите случувања во земјата, меѓу нив и Розевата револуција, го наметнаа мислењето кај народот дека власта може да се менува само на улични протести.

,,Можам со сигурност да кажам дека нема да има предвремени претседателски или парламентарни избори. Ова е цврст став на нашата влада,,.

Тоа го потврди и претседателот Саакашвили кој во врска со протестите на опозицијата побара единство во Грузија:

,,Ние сме демократска земја и луѓето имаат различни мислења, но една работа е многу јасна: и покрај разликите ние имаме една татковина. Треба да ја завршиме работата и да ја направиме модерна и европска земја,,.

Изјави Саакашвили. Опозицијата пред вчерашниот почеток на протестите ги обвини властите дека почнале да затвораат нејзини членови и активисти, но тоа ведшан беше демантирано од министерството за внатрешни работи.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG