Достапни линкови

Клинтон скептична во врска со иранските нуклеарни успеси


Американскиот државен секретар Хилари Клинтон изјави дека е скептична во врска со новите ирански тврдења за достигнувањата во својата нуклеарна програма. Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад вчера објави дека неговата земја поседува седум илјади центрифуги за збогатување ураниум. Клинтон оцени дека вакви изјави имало и порано, но оти тие се покажале за лажни. Инаку, Ахмадинеџад додаде дека е подготвен на разговори со Запад, но само доколку тие бидат базирани врз заемно почитување.
XS
SM
MD
LG