Достапни линкови

Караманлис овој месец ќе ја посети Албанија


Грчкиот премиер Костас Караманлис на 26-ти и 27-ми овој месец ќе престојува во официјална посета на Албанија. Тоа е прва посета на грчки премиер на Тирана по 18 години, откако во 1991-та тогашниот премиер Константин Мицотакис се сретна со албанскиот државен врв во Тирана, што значеше и почеток на подобрувањето на односите меѓу двете земји по падот на комунизмот во Албанија. Добрососедската клима се подобри откако Албанија се согласи во Келцур и во Буларат да се изградат гробишта на грчките војници загинати во 1940-та година.
XS
SM
MD
LG