Достапни линкови

Албанија му подарува на Ирак оружје и муниција


По предлог на албанскиот премиер Сали Бериша, Владата во Тирана донесе одлука, која веднаш стапува во сила, на Ирак да му подари оружје и муниција. Станува збор за пушки со калибар 6,5 милиметри, пиштоли од девет милиметри и гранати од 20 милиметри, но нивното количество не е соопштено. Муницијата и оружјето се исфрлени од употреба од страна на албанската армија и ќе бидат „подарок“ за обновување на оружените сили на Ирак.
XS
SM
MD
LG