Достапни линкови

Најмалку 60 илјади луѓе на протестите во Грузија


Неколку илјади демонстранти одржаа протести денеска низ улиците на Тбилиси барајќи оставка од грузискиот претседател Михаел Саакашвили. Агенциите јавуваат дека околу 60 илјади луѓе биле насобрани на протестите пред зградата на Парламентот. Опозицијата бара оставка од Саакашвили, чија позиција е ослабена по минатогодишната војна со Русија, и најави оддржување на протести се додека грузискиот претседател не си поднесе оставка. „Саакашвили вети просперитет за земјата. Но, она што сега го гледаме е невработеност и лоша економија. Луѓето неможат уште долго да живеат вака“ вели Иракли Алсанија лидер на ,,Алијансата за Грузија“. Полицијата ги отфрли обвинувањата од опозицијата дека околу 60 опозициони активисти биле уапсени во текот на ноќта во Тбилиси, за да ги спречи да учествуваат на протестите.
XS
SM
MD
LG