Достапни линкови

Иранскиот претседател е отворен за разговори за нуклеарната програма


Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад изјави дека е отворен за разговори околу нуклеарната програма на земјата, доколку тие се темелат на ,,принципите на правото“ и ,,почитување“. Ахмадинеџад ова го изјави на денешната церемонија по повод отварањето на првата иранска постројка за преработка на нуклеарно гориво во провинцијата Исфахан. Фабриката ќе произведува ураниумско гориво за планираниот нуклеарен реактор на Иран. Западните земји стравуваат дека иранските нуклеарни активности имаат за цел производство на атомско оружје, додека Иран ги негира таквите тврдења. Вчера шестте светски сили на состанокот во Лондон му понудија на Техеран преговори во врска со нуклеарната програма на земјата.
XS
SM
MD
LG