Достапни линкови

Уништено зеленилото во градскиот парк во Куманово


Парк во Куманово
Парк во Куманово

Со зазеленување на просторот и засадување на млади садници локалното претпријатие „Чистота и зеленило“ од Куманово неодамна се обиде да му го врати стариот сјај на големиот Градски парк. Меѓутоа, несовесните граѓани не ја сфатиле пораката за разубавување на градот, поради што украле дел од новозасадените садници. Со тоа направиле штета од 10 илјади денари, а „Чистота“ и граѓаните

Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“-Куманово за 30 дена вложи напори за санирање на состојбата во Градскиот парк. Тревната површина е околу 38 илјади квадратни метри, паркот беше збогатен со 280 садници, 103 украсни грмушки, околу 250 корени жива ограда, 40 рози

сметаат дека треба да се санкционираат уништувачите на зеленилото во градот.

„Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“-Куманово за 30 дена вложи напори за санирање на состојбата во Градскиот парк. Тревната површина е околу 38 илјади квадратни метри, паркот беше збогатен со 280 садници, 103 украсни грмушки, околу 250 корени жива ограда, 40 рози.“

Вели портпаролот Анета Димитриевска и додава дека биле исечени 50-ина тополи, поставени биле осум клупи и 50-ина кадрони.Меѓутоа некои од граѓаните уништиле дел од тревникот и украле дури 36 садници. Таа апелира граѓаните да се однесуваат совесно, но најавува и санкции за сторителите.

Работниците кои работат на раззеленувањето на градот за ваквата појава велат:

„Непристојно се однесува народот. Градот треба да биде убав.“

„Ноќе ги крадат, ги носат и ги засадуваат во дворовите. Не е добро.“

„Треба да си има дежурна екипа да води ред за да опстане. За нашиот народ само закон,како што велат ако не по џеб,тогаш по грб,само не се спроведува.“

Ефектите од прераснување на градот во зелено Куманово не може да бидат видливи доколку едните дење садат ,а другите ноќе корнат. Затоа граѓаните сметаат дека:

„Не само јавните претпријатија задолжени за тоа одржување на зеленилото во градот, туку и граѓаните таквите дрвја и цвеќиња да не ги крадат, да се стекнува навика култура за поубав град.“

Ниту „Чистота“, ниту локалната смаоуправа нема да се откажат од засадување нови садници и разновидни цвеќиња, не само во Градскиот парк,туку на повеќе места во градот. Но, доколку продолжат кражбите веројатно на крадците нема да им се прости. Против нив ќе бидат преземани соодветни законски норми.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG