Достапни линкови

Турската полиција уапсила 28 лица поврзани со Ал Каеда


Полицијата во Турција уапсила 28 лица осомничени за поврзаност со терористичката мрежа Ал Каеда, јави агенцијата Анатолија. Според локалните власти осомничените биле приведени во рамки на неколку операции спроведени во околината на градот Есхишехир. Турските власти ги обвинуваат припадниците на Ал Каеда за неколку напади во земјата во изминативе години.
XS
SM
MD
LG