Достапни линкови

Јан Фишер нов премиер на Чешка


Претседателот на Чешка Вацлав Клаус денеска го именуваше Јан Фишер, за нов премиер на земјата, која е актуелен претседавач со ЕУ. Фишер кој беше шеф на Државниот завод за статистика, на функцијата ќе го замени досегашниот премиер Мирек Тополанек, на чија влада неодамна Парламентот и изгласа недоверба. Премиерот Фишер, кој не и припаѓа на ниту една партија, ќе ја извршува должноста се до предвремените избори закажани за октомври.
XS
SM
MD
LG