Достапни линкови

Амбасадорите на ЕУ ја прифатија апликацијата на Црна Гора


Подгорица
Подгорица

Комитетот на амбасадорите на членките на Европската унија деновиве едногласно го одобри процесуирањето на апликацијата на Црна Гора за статус кандидат за членство во Унијата.

Апликацијата на Црна Гора без расправа ја прифатиле амбасадорите на сите дваесет и седум земји на Европската унија и, доколку се се одвива според предвиедното, според тамошните дипломати, таа земја би го добила статусот кандидат до средината на идната година. Членот на Националниот совет за Европски интеграции Борис Раониќ вели дека зеленото светло за апликацијата бил очекуван чекор:

,,За жал, во Црна Гора се создаде некаква атмосфера на голема нестрпливост и на тензии во врска со датумите, што е сосема непотребно. Мораме да биде свесни и за политичката ситуација во самата Унија и според неа да ги усогласуваме нашите очекувања,,.

Генералниот секретар на Европското движење Момчило Радуловиќ смета дека одобрувањето на процесуирањето на апликацијата претствува значаен успех на црногорската дипломатија и оти нејзиното прифаќање од Советот на министри е сосема извесно, по што ќе се бара мислење од Европската комисија:
,,Обуката која ја одржаа реномирани експерти од Македонија и од Хрватска всушност беше пренесување на нивните конкретни искуства.


,,За да формира мислење за апликацијата Европската комисија во рок од три до четири месеци, можеби и порано ќе ни испрати прашалник што треба да го исполниме,,.

Владата во Подгорица ги почнала подготовките, а на државните органи веќе им биле проследени прашањата и одговорите на прашалниците што ги исполниле Македонија и Хрватска. Имено, се проценува дека прашалникот на Црна Гора ќе содржи осумдесет насто од прашалниците на овие две земји.

,,Обуката која ја одржаа реномирани експерти од Македонија и од Хрватска всушност беше пренесување на нивните конкретни искуства: како на најдобар начин да се пополни прашалникот, каде биле нивните грешки, што треба да ги избегнеме, на кој начин да се организираме,,.

Вели Момчило Радуловиќ. Преведувањето на целокупното европско законодавство се проценува да чини скоро милион евра, па дел од црногорската јавност беше изненадена од гестот на хрватскиот премиер Иво Санадер кој иако тоа претходно и го вети на Црна Гора, хрватскиот превод на европските закони и го подари на Србија. Тоа, според експертите, покажува дека државите во регионот ги очекува многу поголема работа од одговорите на прашалникот или преводите на законите:

,,Меѓутоа, и на тој пример и примерот на односите меѓу Словенија и Хрватска или Србија и Црна Гора гледаме дека ние се уште сме премногу балканизирани и оти треба да работиме на промена на свеста,,.

Оценува Борис Раониќ, член на ационалниот совет за европски интеграции на Црна Гора, додавајќи дека станува збор за детски болести што треба да се прележат.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG