Достапни линкови

И треба ли ММФ на Македонија?


Пари и кредитни картички

Пари и кредитни картички

Дали и колку и е потребен ММФ на Македонија? На последната дискусија посветена на светската економска криза и нејзините ефекти врз македонската економија, постојаниот претставник на фондот во земјава Берт ван Селм уште еднаш посочи дека ММФ е подготвен за соработка. Владата, од друга страна не отстапи од познатиот став, дека нема намера да се задолжува со пари од фондот.
За потребата од нов аранжман со ММФ стопанствениците и експертите со ралични реторики. Стопанствениците не ја исклучуваат можноста за нов аранжман со ММФ. Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески вели дека било каква соработка со оваа организација би била од корист на земјава:

"Дали тоа ќе биде на консултативна основа, дали на ,,влечења на средства,, од нив итн... значи никогаш не сме биле да се прекине таа врска без разлика во каква позиција се наоѓа дражавата и соработката со ММФ ја сметаме за значајна работа.,,

Азески вели дека и покрај одлучноста на владата да не се задолжува со кредит од ММФ, нов заем од оваа институција не би бил изненадувачки во услови на криза

"Таква опција постои нели, главно треба владата да одлучува спрема моменталните позиции што и се потребни.,,

Домашните и странските експерти, пак, до сега неколкупати даваа директни препораки за обновување на соработката со Меѓународниот монетарен фонд. Шефот на аналитичкиот одел на германската „Дојче Централ Банк“ Др. Ханс Јекел во изјава за Радио Слободна Европа нагласи дека за држави како Македонија, ММФ за сега е единствениот сигурен извор на пари.

,,ММФ е една од неколкуте надежи што ги имате. Има и најави дека поактивно ќе се вклучи во справувањето со кризата. Сметам дека не е многу паметно да ги пресечете врските со нив во ваква ситуација.,,

Јекел посочи дека во услови на криза, на земји како Македонија и се потребни приливи од странство

"Претпоставувам дека во Македонија нема многу неискористен капитал од заштедеди, па би требало да се потпрете на приливи од странските пазари. Моето прашање е дали инвеститори од Кина или Арабија ја гледаат Македонија како најбезбедно место каде би ги инвестирале своите пари?,,

Освен со ММФ Владата имаше соработка со Европската банка за обнова и развој за инфраструктурни проекти. Од оваа банка за сега нема одговор на прашањето дали се планира нова соработка со Македонија.
XS
SM
MD
LG