Достапни линкови

Ќе се зголемуваат мерките на безбедност во Грција


Мерките на безбедност во Грција ќе бидат зголемени поради засиленото делување на ,,екстремистите“ и зголемувањето на криминалот, изјави денеска грчкиот премиер Костас Караманлис. Неопходна е засилена институционална интервенција бидејќи земјата изминативе месеци се соочува со зголемување на криминалот и делување на екстремистите, рече Караманлис. Тој додаде дека за зголемување на безбедноста треба да биде употребен системот кој функционирал за време на Олимписките игри во Атина во 2004-та година, а кој вклучува поставување камери и електронски надзор.
XS
SM
MD
LG