Достапни линкови

Властите во Молдавија ја обвинија Романија за протестите


Претседателот на Молдавија Владимир Вороњин ја обвини соседна Романија за вмешаност во анти-владините демонстрации што избија во главниот молдавски град Кишињев. Молдавија го отповика својот амбасадор во Романија, и му нареди на романскиот амбасадор во Кишињев да си замине во рок од 24 часа. Романија ги отфрли обвинувањата од Вороњин нарекувајќи ги ,,провокации.“ Во текот на ноќта безбедносните сили успеаа да преземат контрола врз Парламентот и претседателскиот Кабинет, во кој вчера упаднаа анти-владините демонстранти. Една жена почина, а повеќе од 40 лица се повредени во насилствата. Иако западните земји дадоа позитивна оценка за викендов одржаните парламентарни избори во Молдавија, на кои победи владеачката Комунистичка партија, демонстрантите обвинуваат за голем изборен фалсификат.
XS
SM
MD
LG