Достапни линкови

Рикер – По изборите Македонија да се фокусира на спорот со името


Американскиот амбасадор во Македонија Филип Рикер изјави дека по изборите потребно е земјата да се фокусира на решавање на спорот за името со соседна Грција, што преставува пречка за македонското членство во НАТО. Говорејќи на денешната трибина во Тетово ,,НАТО и Република Македонија на патот кон Алијансата“ Рикер посочи дека тоа е во интерес на регионалната стабилност и додаде дека Вашингтон е подготвен да работи со Македонија на изнаоѓање стратегии. Македонија поради спорот со името со Грција на минатогодишниот самит на Алијансата не успеа да стане дел од НАТО.
XS
SM
MD
LG