Достапни линкови

logo-print

Мирните избори не се гаранција за преговори со ЕУ


Претседателот на Европската комисија Хозе Мануел Баросо

Претседателот на Европската комисија Хозе Мануел Баросо

Ниту фер и демократски спроведените избори не се гаранција дека Македонија до крајот на годинава ќе ги започне преговорите со ЕУ. Проблемот сега не лежи само во проблемот со името, туку овој пат и поради се поевидентните разлики меѓу земјите членки околу
Сметам дека ќе биде катастрофално и за Унијата, а и за земјите од Западен Балкан доколку во моментот заради тоа што треба да се негуваат определени политички сентименти во старите земји членки, да се одолговлечи проширувањето со ЕУ
натамошното проширување. Економската криза го зајакна евро-скептицизмот кој веќе подолг период тлее. Особено меѓу повлијателните европски сили како Германија и Франција. Владата е свесна за резервите кои постојат меѓу членките, но смета дека проширувањето нема да се одолговлече и дека вратата на ЕУ за Македонија ќе биде отворена:

„Сметам дека ќе биде катастрофално и за Унијата, а и за земјите од Западен Балкан доколку во моментот заради тоа што треба да се негуваат определени политички сентименти во старите земји членки, да се одолговлечи проширувањето со ЕУ.“

убеден е потпретседателот на Владата за европски прашања, Ивица Боцевски. Лисабонскиот договор ја потврди потребата од внатрешно консолидирање меѓу членките, преструктуирањето неизбежно ќе се рефлектира и врз процесот на проширување на Унијата. При евентуално такви промени, колатерална штета најчесто се земјите аспиранти, сметаат експертите:

„Оваа економска криза во моментот го продлабочи овој скептицизам и лошо ќе се одрази на земјите, како нашат, кои се надвор од овие интеграции.“

„Можат да се почнат преговорите, ако се има храброст да се преземат тешки одлуки. Тие тешки одлуки не се толку тешки за преземање од страна на политичките елити, затоа што зад членството во ЕУ и НАТО стои народот.“

рекоа универзитетскиот професор Мирјана Малеска и Ризван Сулејмани. Македонија веќе четврта година е земја кандидат без датум за
Нереално е и заради спорот со името со Грција. Неможе додека не се реши тоа прашање европските држави да не поддржат на процесот кон интеграција
отпочнување на преговори, сега владеачката гарнитура верува дека до крајот на годинава тоа ќе се случи. Во спротивно ќе биде ставена во опасност стабилноста на регионот, оценува Боцевски:

„Македонската алтернатива е еворпската и НАТО интеграцијата и Македонија продолжува на овој пат. Затоа што европските реформи се и внатрешни реформи за демократизација на Македонија и за утврдување на пазарното стопанство во земјата.“

Експертите велат:

„Нереално е и заради спорот со името со Грција. Неможе додека не се реши тоа прашање европските држави да не поддржат на процесот кон интеграција.“

вели Малеска.
XS
SM
MD
LG