Достапни линкови

logo-print

Фотоизложба и книга ,,Заеднички светилишта“


Документарниот проект Заеднички светилишта, како дел од поголемиот проект Поинаков поглед зад кој стои Македонскиот центар за фотографија со финансиска подршка од швајцарската културна програма Западен Балкан и амбасадите на Кралството Холандија и Кралството Норвешката во Македонија, е реализиран во текот на 2007 и 2008 година на четири локации во Македонија: Црквата Свети Никола односно турбето Х-д-р Баба во Македонски Брод, манстирот Света Богородица Пречиста во близина на Кичево, манастирот Свети Наум во Охридско и Хусамедин-пашината џамија во Штип.

„Заеднички светилишта го започнавме во 2005-та година со професорот Глен Болдман од Англија, антропологист исто така, кој што беше заинтересиран за проблематиката на соживот меѓу различните религиозни групи пред се, но тука спаѓаат и различните етнички групи. Откако се потврди на терен дека заедничкиот соживот кај нас е извонреден позитивен пример на вековно заедничко живеење, одлучивме дека ова треба да го популаризираме и меѓу нашата публика и така со Роберт Јанкуловски и уште неколку други соработници одлучивме визуелно да и го преставиме на јавноста.“

вели етнологот Елизабета Коневска. На изложбата што ќе трае до 24 април годинава, во Националната галерија на Македонија објект Мултимедијален центар Мала станица , ќе бидат 52 фотографии од вкупно 75 кои ќе се најдат во книгата Заеднички светилишта, а кое се дело на фотографот Роберт Јанкуловски.

„Визуелно мислам дека оваа тема е доста податлива за фотографирање, содржински е доста богата темата, а колку јас сум успеал тоа да го доловам ќе оцени публиката.“

Говорејќи, пак, за проектот и за неговото значење истражувачката и авторката на текстот Коневска со дополна:

„Оние што ќе дојдат да го видат овој наш проект, ќе видат колкава е вековна праксата и колку позитивен пример претставува Македонија на заедничко живеење.“

Наедно, по свеченото отворање и промоцијата на книгата, ќе биде прикажан и документарниот филм Мир на сите кој го потпишуваат истите автори и кој досега учествуваше на повеќе меѓународни фестивали и кој е добитник на наградата Гран при на Меѓународниот фестивал на етнографски филмови во Белград во 2007 година.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG