Достапни линкови

Исполнет најтешкиот услов за почеток на преговорите за членство во ЕУ


Седиштето на ЕУ во Брисел

Седиштето на ЕУ во Брисел

Македонија одржа фер и демократски избори и со тоа ја исполни деветата одредница за добивање датува за преговори со Европската унија. Но што е со претходните осум? Во ланскиот извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија, освен одржувањето слободни и фер избори, од Македонија се бара и подобрување на дијалогот меѓу најголемите политички партии.
Не сум сигурен дека многу што ќе помогне ова, ако не се реши проблемот со Грција. Ние пак ќе се соочиме со институција што одлучува по консензус за зачленување на државата во ЕУ

Европската комисија забележува дека и покрај напредокот, треба да се работи на борбата против корупцијата, реформите во државната администрација, подобрување на бизнис климата и намалување на невработеноста.

Судските реформи и имплементацијата на охридскиот рамковен договор се позотивно оценети. Професор Мерсел Биљали вели дека, и покрај мирните избори и исполнувањето на останатите критериуми, најголемиот проблем со кој се соочува Македонија е можната блокада од страна на Грција.

„Не сум сигурен дека многу што ќе помогне ова, ако не се реши проблемот со Грција. Ние пак ќе се соочиме со институција што одлучува по консензус за зачленување на државата во ЕУ.“

Биљали не е голем оптимист дека, без решение за спорот со Грција, Македонија може да се надева на дадтум за преговори. Тој вели дека е можно, со добра дипломатија, да се започнат преговорите под привремената референца ФИРОМ, со тоа што ќе се пролонгира рокот до кога мора да се реши спорот.

„Ако смеам статистички да се изразам, би рекол дека 30% имаме шанса за преговори за зачленување ако не го решиме проблемот со
Многу значајно е сега да се продолжат реформите, заокружување на законодавството. Мислам дека тоа ќе биде многу помал проблем и јас очекувам на есен да добиеме датум за преговори. Нема никакви причини за одлагање за датумот за преговори
името.“

Професор Димитар Мирчев не гледа проблем во задоволувањето на останатите осум одредници. Мирчев вели дека, со одржувањето на фер избори, Македонија го исполни најважниот критериум за добивање датум за преговори за членство во Европската унија. Според него, во наредниот период, собранието, без поголеми проблеми, ќе ги донесе преостанатите реформски закони и подзаконски акти. Затоа, вели Мирчев, на есен, очекувам да добиеме датум за почеток на преговорите со ЕУ.

„Многу значајно е сега да се продолжат реформите, заокружување на законодавството. Мислам дека тоа ќе биде многу помал проблем и јас очекувам на есен да добиеме датум за преговори. Нема никакви причини за одлагање за датумот за преговори.“

Наредниот извештај на Европската комисија се очекува кон крајот на годинава.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG