Достапни линкови

logo-print

Како мирните избори ќе делуваат врз економијата?


Скопје

Скопје

Македонија положи еден од тестовите на демократија со спроведување на фер и мирни избори. Но, како демократските избори ќе влијаат на македонската економија? Дали може да се очекува раздвижување на инвеститорите ? Дел од експертите велат дека мирните избори би претставувале добар стимул за инвеститорите, но потсетуваат дека не смее да се занемари влијанието на рецесијата и светската економска и финансиска криза. Професорот Петрит Положани смета дека мирните избори претставуваат еден вид охрабрување на развојот на економијата:

,,Од економски аспект мислам дека ќе делуваат позитивно иако нас клучен проблем ни е името со Грција Значи од психолошка страна делуваат кај инвеститорите. Меѓутоа мирните избори, признати и од меѓународниот фактор и сите релевантни организации што ги следеа изборите имаме позитивно мислење.,,

Положани додава дека на позитивниот ефект на демократските избори негативно влијае рецесијата:

"Меѓутоа важно е и кризата значи како ќе делува, бидејќи рецесијата апсолутно делува од една страна во спротивна насока, а изборите и другите случувања околу името би биле позитивни ефекти за нашата економија.,,

Претставниците на бизнис заедницата во земјава сметаат дека изборите ќе имаат влијание на економијата.Бизнисменот Зоре Темелковски вели дека последните случувања во политиката ќе влијаат на макроекономско ниво

"Ваквата позитивна доверба кај граѓаните покажуваме дека е на макроекономско ниво.,,

Сепак за посилно раздвижување на економијата на сите нивоа, Темелковски смета дека потребно е спроведување на конкретна стратегија

"Економски немаме програма, тоа не зависи од изборите. Можеби на макроекономски план едно партиската власт да придонесе за некој инвестиционен циклус врз база на предизборните ветувања, ама јас не го гледам агрегатот на пари.,,

Инаку, во предизборните кампањи изостанаа ветувања за економски мерки. За сега на јавноста и е единствено познато дека надлежните ќе предложат нови мерки за справување со ефетите од економската криза, но не се знае кога истите ќе стапат на сила.
XS
SM
MD
LG