Достапни линкови

Државната изборна комисија денеска ќе ги разгледува приговорите


На дневниот ред на денешната седница на Државната изборна комисија ќе биде разгледување на приговорите за гласањето, сумирањето и утврдувањето на резултатите од локалните избори одржани на 5- ти април. Рокот за поднесување приговори за гласањето истече синоќа во 19 часот, а за постапката за сумирање на резултатите на полноќ. До Државната изборна комисија до 20 часот се пристигнати 18 приговори за гласањето во вториот круг од претседателските и локалните избори. Според податоците од веб страницата на ДИК, 13 приговори поднела ДУИ, три се од група избирачи и по еден доставиле ПЕИ и ДПА.
XS
SM
MD
LG