Достапни линкови

logo-print

Српската влада ќе отпушти осум илјади административци


Српската влада ќе отпушти осум илјади вработени во државната администрација, што значи намалување на администрацијата за десет проценти, како дел од мерките за борба против економската криза. Министерот за економија на Србија Младен Динкиќ изјави дека намалувањето на администрацијата ќе се одвива во период од девет месеци и на вработените нема да им бидат понудени стимулативни отпремнини. Владата на Србија ќе ги намали и државните трошоци кои во моментов изнесуваат една милијарда евра, преку намалување на платите во администрацијата, замрзнување на примањата и пензиите.
XS
SM
MD
LG