Достапни линкови

Барак Обама допатува во ненајавена посета на Ирак


Американскиот претседател Барак Обама допатува во ненајавена посета на Ирак, што е негова прва посета на земјата од преземањето на функцијата. Обама изјави дека следните 18 месеци ќе бидат клучни за Ирак, со повлекувањето на американските трупи од земјата. Тој исто така порача дека е време Ирачаните да ја преземат одговорноста за нивната земја. Обама се сретна со американските војници и командантот на трупите на Соединетите Држави во Ирак Реј Одиерно, кој го информирал дека и покрај бомбашките напади изминатава недела, нивото на насилствата во земјата е најниско од почетокот на американската инвазија во 2003-та година. Како што соопшти Белата Куќа предвидена е средба на американскиот претседател со ирачкиот премиер Нури ал Малики. Обама во Ирак допатува по денешната посета на Турција, што беше последна станица од неговата европска турнеја.
XS
SM
MD
LG