Достапни линкови

Фејсбук го укина профилот на МВР


Логото на фејсбук

Логото на фејсбук

Социјалната мрежа Фејсбук го укина профилот на Министерсвото за внатрешни работи на оваа друштвена интернет страница.
Медиумите два дена се занимаваа со причините и потребата за отворање Фејсбук профил на МВР.
Порталот за информатичка технологија it.com.mk утринава објави дека профилот на Министерството е укинат, откако авторите на порталот ги прашале администраторите на најголемата социјална мрежа дали Фејсбук смее да се користи на ваков начин.
Според правилата на Фејсбук, сајтот е друштвена алатка која им помага на луѓето да комуницираат ефикасно со своите пријатели,
Го нема затоа што од Фејсбук практично сме известени дека профилите мора да преставуваат индивидуа
семејство и колеги. Информацијата дека нивниот профил е укинат ја потврдува и портпаролот на МВР Иво Котевски.

„Го нема затоа што од Фејсбук практично сме известени дека профилите мора да преставуваат индивидуа.“

Тој вели дека од Фејсбук ги известиле дека социјалната мрежа смеат да ја користат само луѓе, но не и фирми или институции. Иако, многу компании и организации имаат свои профили, според правилата на Фејсбук, сајтот не смее да се користи за професионална промоција на луѓето и институциите. Котевски вели дека полицијата го користела Фејсбук за неформална комуникација со граѓаните.

„Ние не можеме да ја негираме причината, на крајот на краиштата Фејсбук не е наш, тие се во право со ова, не можеме да кажеме дека МВР е приватен профил и неможеме да кажеме дека профилот не се користи за приватна промоција.“
Ние не можеме да ја негираме причината, на крајот на краиштата Фејсбук не е наш, тие се во право со ова, не можеме да кажеме дека МВР е приватен профил и неможеме да кажеме дека профилот не се користи за приватна промоција


Во МВР велат дека се во тек со новите начини на комуникација и ги користат, пред се, за доближување до новите генерации, на кои интернетот им е примарно средство за комуникација.
За сето тоа да се оствари, МВР треба да се научи да ги почитува "законите" во виртуелниот свет, а не вниманието да биде насочено само кон локалните регулативи, наведува порталот it.com.mk.
Интернет консултантот Дарко Булдиоски вели дека, често, проблемот е во тоа корисниците ретко ги читаат условите за користење на одреден сајт. Булдиоски, сепак, посочува дека Фејсбук нуди можност институциите да бидат присутни на Фејсбук, но не преку профили туку преку страници или групи за поддршка.

„Ако имате вие ваша страница за министерството, вие можете редовно да објавувате информации кои што можат да ги следат фановите или оние кои што станале почитувачи на таа страна. Морам да кажам дека вакво нешто најчесто се случува поради незнаење.“

Неколку дена пред да се појави веста дека МВР има Фејсбук профил, странските медиуми објавија дека колумбиската полиција отворила сопстван youtube канал на кој прикажува снимки од нивните активности.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG