Достапни линкови

logo-print

Обама – Мир на Блискиот Исток е можен


Американскиот претседател Барак Обама изјави дека верува оти мирот на Блискиот Исток е можен, но порача дека израелците и палестинците мора да постигнат компромис. Обама кој е во посета на Турција, денеска во Истанбул оствари средба студентите и со верските лидери во оваа земја во обид за постигнување заедништво, против екстремизмот. За време на посета на Турција, Обама ја повтори поддршката за членството на оваа земја во Европската Унија, а во говорот во Парламентот порача дека Соединетите Држави не се во војна со исламот. Посетата на Турција е последна во рамки на неговата турнеја низ Европа, што завршува денеска.
XS
SM
MD
LG