Достапни линкови

Нереди за време на демонстрациите во Молдавија


Најмалку десет илјади луѓе одржуваат протести во Молдавија против победата на владеачката Комунистичка партија на парламентарните избори. Демонстрантите, ја обвинуваат власта за изборен фалсификат. Како што се јавува тие успеале насилно да влезат во Парламентот, почнале да ги кршат компјутерите и да го опожаруваат мебелот. Полицијата и покрај делувањето не успеала да ги сопре. Демонстрантите фрлале камења и искршиле неколку прозорци и од претседателскиот кабинет. Агенциите јавуваат дека во судирите, 20 демонстранти и шестмина полицајци се повредени. Комунистичката партија на актуелниот претседател Владимир Воронин, на изборите што се оддржаа во неделата освои 50 отсто од гласовите, обезбедувајќи го потребното парламентарно мнозинство.
XS
SM
MD
LG