Достапни линкови

Напад во Суд во германскиот град Ландхут


Германската полиција соопшти дека едно лице е убиено, а неколкумина се повредени кога вооружено лице отворило оган во зграда на Судот во градот Ландхут, 70-тина километри северно од Минхен. Како што се јавува, напаѓачот потоа се самоубил. Според изјави на сведоци, напаѓачот бил во судницата каде во моментот се одвивало сослушување за наследна постапка, по што извадил пиштол и почнал да пука.

XS
SM
MD
LG