Достапни линкови

207 лица загинаа во земјотресот во Италија


Италијанскиот премиер Силвио Берлускони соопшти дека 207 лица загинале, а 15 се сметаат за исчезнати во вчерашниот земјотрес во Централна Италија. Десетици илјади луѓе останаа без своите домови во земјотресот со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала што го погоди градот Л` Акила. Спасувачките екипи работеа во текот на целата ноќ во потрага по евентуално преживеани. Утринава овој регион бил погоден од уште еден земјотрес. Македонскиот претседател Бранко Црвенковски и премиерот Никола Груевски испратија писма со сочувство до властите во Италија.
XS
SM
MD
LG