Достапни линкови

logo-print

Опозиција, по тежок пораз нов концепт?


Изборна конвенција на СДСМ пред локалните и претседателските избори

Изборна конвенција на СДСМ пред локалните и претседателските избори

Според екс лидерот на СДСМ Бучковски враќањето на Црвенковски ќе го возобнови рејтингот на опозицијата. Експертите сметаат дека се потребни идеи и иницијативи

Иако резултатите на овие избори беа неповолни за опозицијата, од Социјалдемократскиот сојуз не се согласуваат дека доживеале пораз во изборниот циклус. Владо Бучковски од оваа партија вели дека власта ќе ја загуби поддршката од граѓаните доколку се увојат измените на изборниот закон со кои ќе има загарантирани мандати за помалите етнички заедници. Во периодот што следува опозицијата мора да ги промени приоритетите за кои досега говореше, вели Бучковски:

„Со враќањето на Црвенковски ќе дојде до возобновување. Македонија е мала држава. СДСМ во изминатите три години се обиде со новите, млади лица да направи возобновување на рејтингот. Се гледа дека тоа не е доволно и ќе треба да биде направен микс, и со промоција на нови политики и со нова стратегија да се добие поддршката на неопределените.“

И Роза Кареска Топузова од Либералнодемократската партија која до неодамна беше коалиционен партнер на СДСМ, вели дека опозицијата мора да покаже поголема организираност, да понуди нови идеи и решенија за моменталните проблеми.

„На опозицијата и престои сериозна работа, не со една цел да се врати на власт. Напротив, едноумието не е добро за напредокот на
Опозицијата не покажуваше доволно живост во изминатите години, да нуди проекти, идеи. Некако беше збунета, дезорганизирана за да нуди проекти, без оглед на тоа што тие не би можеле да се реализираат, но јавноста требаше да знае дека има идеи и иницијативи
демократијата во една земја.“

Во недостигот на кадровска екипираност, немањето идеи и агресивната употреба на владината моќ во изборната кампања, политиколозите ги гледаат причините за пасивното дејствување на опозицијата и слабите изборни резултати.

„Не покажуваше доволно живост во изминатите години, да нуди проекти, идеи. Некако беше збунета, дезорганизирана за да нуди проекти, без оглед на тоа што тие не би можеле да се реализираат, но јавноста требаше да знае дека има идеи и иницијативи.“

вели проф. Живко Андревски од Европскиот Универзитет

За универзитетскиот професор Јетон Шасивари пак опозицијата мора да го промени концептот во дејствувањето и кадровската екипираност. Треба да се постават соодветните кадри на соодветните места, вели Шасивари и додава дека враќањето на Бранко Црвенковски како лидер на СДСМ може да има две страни:

„Може да биде и добра, но и лоша страна, во смисла на хендикеп бидејќи тоа е едно нужно решение. Опозицијата за сега нема друго решение.“

Експертите предупредуваат дека опозицијата мора да се консолидира и да претставува коректор на власта, оти според нив владеењето на една партија подолго време може да биде опасно за развојот на една демократија.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG