Достапни линкови

Привремени вработувања


Скопје

Скопје

Привремените вработувања се зачестија во Македонија. Наместо договори на неопределено време, се` повеќе понуди за работа се на определено време - најчесто од три до шест месеци. Посебно популарни во изминатиов период се агенциите за привремено вработување. Директорот на агенцијата „Партнер“ Раде Ненадиќ вели дека од декември минатата година има повеќе заинтересирани клиенти - раб отодавачи. Причините за ваквиот интерес Ненадиќ ги гледа во строгите контроли и светската криза

„Мислам дека се должи на зајакнат инспекциски надзор од страна на државниот инспекторат за труд, како и светската финансиска криза
Мислам дека се должи на зајакнат инспекциски надзор од страна на државниот инспекторат за труд, како и светската финансиска криза која ги принудува работодавачите да примаат вработени на определено време
која ги принудува работодавачите да примаат вработени на определено време.“

Ненадиќ вели дека работодавачите бараат вработувања од еден ден до неколку месеци.

„Има и за еден ден вработувања, за 15 дена, претежно се од еден до три месеци.“

Од Сојузот на синдикатите потврдуваат дека интересот за вработување на неопределено време опаѓа. Според Миле Мановски од ССМ, вработениот на определено време е помалку мотивиран од вработениот на неопределено време.

„Уште кога се носеше законот за работни односи инсистиравме основен начин за вработување да биде на неопределено време.“

Според Мановски, зголемениот интерес за ваквите вработувања преку агенции и на определено време не се должат само на светската криза.

„Не е само поради светската криза, таа дури сега ќе се одразува кај нас.“

Во случај на посредство преку агенција, работникот не се води како вработен во фирмата. Агенцијата го вработува лицето и го испраќа да работи во компанијата.
XS
SM
MD
LG